Студентите очекуваат подршка од сите на утрешниот марш

Првиот студентски марш.

Студентите утре ќе излезат на втор протестен марш против воведувањето на државниот испит на универзитетите, соопштија денеска организаторите од Студентскиот пленум. Тие најавија дека маршот ќе започне во 12 часот пред платото на универзитетот св. Кирил и Методиј, а ќе продолжи до Собранието, па до Владата.

Повикаа на мирен марш и апелираа да нема никакви национални и партиски симболи. Од Студентскиот пленум изјавија дека очекуваат масовност и поддршка од професорите, средношколците и сите засегнати страни кои се грижат за квалитетот за високото образование.