Осуда на апсењето на новинарка на РСЕ во Азербејџан

Кадиџа Исмаилова

Пред амбасадата на Азербејџан во Вашингтон беа одржани протести со барање да биде ослободена Кадиџа Исмаилова, новинарка на РСЕ. Азербејџанските власти на 5 овој месец и одредија двомесечен притвор пред да се појави на суд откако едно лице ја обвини дека таа го охрабрувала да изврши самоубиство. Американскиот Хелсиншки комитет вчера изрази длабока загриженост поради апсењето на Исмаилова. Американскиот сенатор Бен Кардин, демократ од Мериленд, оцени дека Исмаилова била жртва поради нејзините напори да ја покаже корупцијата во земјата.