Времето денеска: облачно и постудено

Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Врнежите ќе бидат позастапени во источните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 9 степени.