Осуммина Ујгури осудени на смрт во Кина

Илустрација.

Осуммина припадници на ујгурската заедница денеска беа осудени на смрт од судот во северозападната кинеска провинција Синџијанг, поради два смртоносни напади во регионот. Во нападот на пазар во Урумки во мај годинава беа убиени 39 луѓе, а 94 беа ранети. Еден месец претходно, пак, во напад на железничката станица во градот беа убиени тројца, а ранети 79 луѓе.

Во меѓувреме, адвокатот на затворениот познат борец за правата на Ујгурите, професор Илхам Тохти, за новинската агенција Асошиејтед прес изјави дека седуммина студенти на професорот биле осудени на затвор од 3 до 8 години под обвиненија за сепаратизам. Тохти беше осуден за сепаратизам во септември на доживотен затвор.

Муслиманската ујгурска заедница што живее во провинцијата Синџијанг долго време се жали на односот на кинеските власти кон нив.