Кампања за вакцинирање против детска парализа во Пакистан

Илустрација.

Во племенската област Хибер во Пакистан почна тридневна кампања за вакцинирање против детска парализа во која треба да бидат вакцинирани илјадници деца до петгодишна возраст. Кампањата се спроведува под строги мерки за безбедност, поради долготрајната серија напади врз здравствените работници кои го спроведуваат вакцинирањето, а кои за милитантите се странски шпиони. Најголем дел од 276-те случаи на детска парализа регистрирани во Пакистан годинава, се од племенските области.