Притисок од ЕУ врз Турција за борба против Исламската држава

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини допатува во посета на Анкара, со цел да изврши притисок врз Турција целосно да се вклучи во борбата на меѓународната заедница против џихадистите на Исламска држава. Брисел бара од турските власти да го спречат слободното минување на милитантните исламисти преку територијата на Турција, како и префрлање на џихадистите од западните земји во Сирија, минувјќи ја слободно турско-сириската граница.

Официјална Анкара, иако формално е член на меѓународната коалиција, предводена од САД, не дозволува американските авиони да ја користат турската територија за напади врз позициите на Исламската држава во Сирија и во Ирак и бара од Западот воспоставување зона за забранети летови над граничниот реон кон Сирија, што другите членки на коалицијата не го прифаќаат.