Иса Мустафа ќе биде премиер на Косово

Иса Мустафа

Лидерот на Демократската лига на Косово и поранешен градоначалник на Приштина Иса Мустафа ќе биде новиот премиер на Косово, а лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи во новата косовска влада ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи, јави РСЕ од Приштина.

За овој постигнат коалициски договор со кој завршува 6 - месечната институционална криза денеска треба да се гласа во Собранието на Косово

Според договорот на двете партии, техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина треба да го води министер без ресор или државен министер, а политичкиот дел од дијалогот ќе го води премиерот.

Неалбанските заедници ќе ги предводат Министерството за заедници и враќање, Министерството за локална самоуправа и Министетството за јавни служби, наведуваат медиумите.