Могерини во Турција

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини за време на дводневната посета на Турција ќе побара поголема соработка во борбата против милитантите на Исламската држава, како и тоа Анкара да не ги поткопува санкциите на Европската унија против Русија. Могерини оцени дека нејзината посета е силен знак за стратегиската важност на односите меѓу двете страни. Преговорите за членство на Турција во Унијата почнаа во 2005 година.