Израел бил против нуклеарниот договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел одиграл клучна улога во стопирањето на нуклеарниот договор со Иран во минатиот месец. Шесте светски сили ги продолжија нивните разговори со Техеран до 30 јуни, откако до крајниот рок, 24 ноември не постигнаа согласност околу контроверзната иранска нуклеарна програма. Западот сака Иран да го намали збогатувањето ураниум за да не може да произведе нуклеарно оружје. Иран го демантира тоа. Според Нетанјаху постигнатиот договор бил лош и му дозволувало на Иран да стане нуклеарна сила.