Сирија го обвини Израел за воздушни напади во близина на Дамаск

Сириската армија соопшти дека Израел извел воздушни напади врз владини позиции околу главниот град Дамаск. Во соопштението се прецизира дека едниот напад бил во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, но оти освен материјална штета немало загинати или ранети. Се уште нема реакција од Израел за ваквите обвинувања. Сириското министерство за надворешни работи соопшти дека побарало од генералниот секретар на Обединетите нации да воведе санкции против Израел.