Путин, Николиќ и Орбан разговарале за енергетската соработка

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со српскиот колега Томислав Николиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан за енергската соработка, соопшти денеска Кремљ. Како што се наведува Путин дискутирал за перспективата на понатамошната соработка во енергетскиот сектор откако Русија минатата недела објави дека се откажува од изградбата на гасоводот Јужен тек. Тој требаше да поминува под Црното море во Бугарија, а потоа да носи гас во Унгарија и во Србија, но како што соопшти Путин сега е можно да се гради друг гасовод до Турција.
Белград му даваше силна поддршка на проектот за кој Европската унија оцени дека ги крши некои од антимополските закони на унијата.