Седумина убиени во напад на полициска станица во Ирак

Најмалку седум луѓе се убиени во напад на полициска станица северно од ирачкиот главен град Багдад. Нападот се случил утринава откако бомбаш самоубиец влегол со автомобил полн со експлозив зад заштитните ѕидови на полициската станица. Полицијата соопшти дека најмалку пет полицајци се убиени, а 11 лица се повредени. Местото Тармијан каде што се случи инцидентот се наоѓа 50 километри северно од Багдад. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.