Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Најмалку 211 луѓе се приведени поради предизвикување немири во Атина за време на протестите организирани по повод годишнината од инцидентот во кој полицијата пред шест години уби невооружен тинејџер во грчката престолнина. Неколку илјади луѓе синоќа одржаа протестен марш низ Атина до местото каде беше убиен тинејџерот, но набрзо почнаа немири во кои беша оштетени продавнци и автобуски станици. Полицијата успеа да ги ограничи немирите во делот Ексархија по што употребија солзавец. Судири меѓу полицијата и демонстранти имаше и во Солун каде беа претепаа двајца полицајци во цивил по што реагираше полицијата со солзавец и шок-бомби. Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни немири, најмасовни во Грција во изминатите неколку децении.