Сириската војска одговорила на напад од ИД

Сириските владини сили сооптшија дека вчера одговориле на напад од бунтовниците од Исламска држава во источниот дел на земјата. Екстремистите ја напаѓаа воздушната база во Деир ал Зур веќе неколку дена, но вчера го извршиле главниот напад. Сириските сили ја користат базата за воздушни напади против бунтовниците од Исламска држава стационирани во областа. Се јавува и дека десетици луѓе загинале од двете страни. Во меѓувреме во Ирак племенските лидери од провинцијата Анбар сооштија дека пред три дена бунтовниците од Исламска држава киднапирале и егзекутирале 16 луѓе од племето Албу Нимр кое се бори против екстремистите.