Порошенко објави нови разговори со сепаратистите

Украинскиот претседател Петро Порошенко објави дека новата рунда разговори со сепаратистите од источна Украина и претставниците на Русија ќе се одржи на 9 декември во Минск. Порошенко денеска при посетата на градот Каркив рече дека е постигнат начелен договор за состанокот. Тој нагласи дека на разговорите ќе се бара вистинско спроведување на прекинот на огнот договорен на петти септември. Сепаратистичките групи од источна Украина реагираа на објавата на Порошенко, наведувајќи дека нив повеќе им одговора разговорите да се одржат на 12 месецов.