Иран ги потврди воздушни напади во Ирак против ИД

Висок претставник на иранската владапотврди дека неговата земја извршила воздушни напади во Ирак против бунтовниците од Исламска држава на барање на ирачката влада, јавува британскиот весник Гардиан. Весникот го цитира иранскиот заменик министер за надворешни работи Ебрахим Рахимпур кој рекол дека причината за нападот бил одбрана на интересите на нивните пријатели во Ирак. Тој во интервјуто додал и дека акцијата не е координирана со САД, кои исто спроведуваат воздушни напади против екстремистичките групи во Ирак и во Сирија. Ова е прва официјална изјава на иранските власти поврзана со нивната улога во воздушните напади кон крајот на ноември во ирачката провинција Дијала што се граничи со Иран.