Владата усвои нацрт-закон за нов државен грб

Владата на Македонија синоќа на седница усвоила нацрт- законот за нов државен грб. За предлогот како што наведуваат од владата ќе следела јавна расправа. Предложениот нов државен грб содржи црвен разгневен лав во златно – жолт штит со мурална круна во форма на тврдина во горниот дел. Причините кои се образложени во предлогот, се враќање кон историските симболи, а се додава и дека Македонија и Белорусија биле единствените земји во Европа кои се уште користеле амблеми инспирирани од советска хералдика. Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија. Златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата. За да се смени симболот потребна е измена на Уставот односно двотретинско и бадентерово мнозинство.