Напад врз воен камп во Кашмир

Најмалку 11 полицајци и војници загинале кога милитанти нападнале воен камп во индискиот дел на Кашмир. Тамошните власти соопштија дека шест од напаѓачите исто така загинале во престрелката со безбедносните сили. Армиски извори велат дека напаѓачите користеле и гранати при нападот на воениот камп.