Австралија повторно воведе привремени визи за бегалци

Илустрација.

Австралија ги заостри имиграционите закони со повторното воведување на контроверзните привремени визи за бегалци. Парламентот денеска го донесе законот со 34 гласови „за“ и 32 „против“ по жестока дебата. Новиот закон дозволува бегалците да живеат и да работат во Австралија три до пет години, но не можат постојано да се доселат во земјата. По завршувањето на дозволениот период, бегалците ќе бидат присилени да се вратат во нивните татковини. Владата повторно ги воведе визите што ги користеа поранешните конзервативни влади за да се справи со 30-те илјади азиланти.