Жените помалку платени од мажите

Светската организација за труд соопшти дека жените кои се подобро едуцирани и попродуктивни од мажите примаат помалку плата од нив. Во последниот извештај на оваа организација на Обединетите нации се наведува дека во светот се уште постои голем јаз меѓу половите во врска со примањата. Истражувањето покажало дека тоа било случај во сите 38 земји каде што било спроведено тоа. Најголем јаз постои во Соединетите држави.