Вељаноски: Оставките не ги верификувавме со заемна согласност

Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски.

Македонскиот законодавен дом, како стожер на македонската демократија, функционирал и ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи, потенцира претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во пишаната изјава како реакција на денешната прес-конференцијата на СДСМ. Во врска со оставките на дел од опозициските пратеници, Вељаноски наведува дека е енигматично зошто на госпоѓа Десковска досега не и кажале дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со взаемна согласност. Рената Дескоска од СДСМ претходно го повика Вељаноски собранието да ги верификува оставките на опозициските пратеници.