Годишно обраќање на Путин до нацијата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го одржи редовното годишно обраќање во парламентот. Годинава се очекува тој во говорот кој ќе биде пренесуван на телевизија да ја увери нацијата дека земјата е во вистинска насока и покрај влошените односи со Западот околу украинската криза. Исто така се очекува да ги смири страхувањата предизвикани од падот на вредноста на рубљата.