Престрелка во центарот на Грозни

Грозни

Руските медиуми јавуваат дека безбедносните сили и полицијата изутрината се судриле со вооружени луѓе во центарот на Грозни, главен град на севернокавказката република Чеченија. Се наведува дека вооружените лица пристигнале со три возила кои претходно ги украле во едно село на 50 километри од Грозни. Тие во Грозни убиле неколкумина полицајци кои се обиделе да ги запрат, а потоа окупирале една издавачка куќа во центарот на градот. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека ситуацијата бил под контрола, но ги предупреди жителите да бидат претпазливи.