Протест во Њујорк по уште една одлука на големата порота

Големата порота во Њујорк реши да не покрене обвинување против бел полицаец кој убил еден невооружен афроамериканец. Големата порота соопшти дека немало основана причина за да му се суди на полицаецот Даниел Панталео за смртта на Ерик Гарнер. Неговото убиство кое се случи на 17 јули беше снимено на видео. Американското министерство за правда соопшти дека ќе поведе истрага за случајот. Оваа одлука на големата порота предизвика протест на улиците на Њујорк. Во минатата недела големата порота во Фергусон, Мисури исто така реши да не го обвинува полицаецот кој уби едно црно момче што предизвика нереди во градот.