Не е оштетен реакторот во нуклеарната централа во Запорожје

Украинскиот министер за енергија, Володимир Демчишин, денеска изјави дека инцидентот во нуклеарната централа во градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата не го зафатил нуклеарниот реактор и оти не предизвикал радијација. На 28 ноември се случил дефект на системот за пренос на енергијата во централата. Поради дефектот имаше рестрикции на струја во делови на Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше анектиран од страна на Русија во март годинава.