Наместо раст, Русија очекува пад на економијата во 2015

Илустрација.

Русија драстично ја промени прогнозата за економскиот раст во 2015 година, и од претходната проценка дека растот ќе биде 1,2 проценти, сега се предвидува пад на БДП-то од 0,8 проценти наредната година. Заменик министерот за економија Алексеј Ведев денеска рече дека министерството ја намалило проценетата просечна цена на нафтата од 100 на 80 долари за барел. Нафтата и природниот гас се клучни извори на приходи во Русија. На нив отпаѓа 70 отсто од извозот на земјата и околу 50 отсто од буџетските приходи. Руската економија исто така е погодена од западните санкции воведени поради анексијата на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина.