Министерски состанок на НАТО

Јенс Столтенберг

На денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел ќе доминираат кризата во Украина и заладените односи меѓу Москва и Западот. Пред состанокот, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјави дека 2104 беше година агресии, кризи и конфликти и оти со нејзините акции Русија ја поткопа евроатлантската безбедност. На состанокот ќе се разговара и за повлекување на борбените сили на НАТО до крајот на оваа година, по што во Авганистан би останала помала мисија за поддршка на безбедносните сили на таа земја.