Протест против влезот на Ерменија во Евроазиската економска унија

Десетици опозициски активисти денеска протестираа пред ерменскиот парламент во Ереван, барајќи од пратениците да не го ратификуваат договорот за влез на земјата во Евроазиската економска унија предводена од Русија, а во која членуваат и Белорусија и Казахстан. Никогаш нема да биде прифатливо да „станеме сојузник со некого кој му објави војна на цивилизираниот свет“, рече лидерот на опозициската Унија за самоопределување, Паруир Хаирикиан. Ерменскиот парламент денеска ја почна дебатата за договорот, кој се очекува да биде ратификуван. Претседателот Серж Саркисјан го потпиша договорот во октомври на свеченост во Минск, а треба да стапи на сила од 1 јануари.