Русија гради стратегиски команден центар на Арктикот

Илустрација.

Русија соопшти дека почнала со изградба на стратегиски команден центар на Арктикот. Командантот на Руската северна флота, адмирал Владимир Корољов, изјави дека 1 декември е „историски ден“ бидејќи се основа нов центар во централната база на флотата во Северноморск. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела ги објави плановите да се воспостави стратегиска команда во руската „арктичка зона“. Во октомври, Путин рече дека два сателити ќе бидат распоредени да го набљудуваат Арктикот, кој, според него, е приоритетен поради стратегиската локација и природните ресурси. Портпаролот на Руската централна воена област, Јарослав Рошупкин, денеска изјави дека Русија ќе одржи повеќе од четири илјади воени вежби во 2015 година. Најголемата ќе биде одржана летоска и ќе учествуваат „десетици илјади“ војници. Оваа година Русија одржа околу три илјади воени вежби.