Извештајот за отсуствата на пратениците ќе се разгледува утре

Избраните пратеници од опозицијата доставија оставки до Собранието.

Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања утре во 11 часот ќе одржи седница за Разгледување на извештајот за редовност на пратениците на седниците на Собранието на Република Македонија во периодот од 10 мај до 10 ноември 2014 година. Доколку биде усвоен предлог-заклучок, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да го стави на дневен ред на првата наредна седница.Пред две недели на координативната средба во Собранието, генералниот секретар Жарко Денковски го достави извештајот за отсуствата на пратениците, по што Комисијата за мандатно имунитетни прашања беше задолжена да предложи заклучок. Во работата на Собранието не учествуваат 31 пратеник од опозицијата, кои ја бојкотираат работите поради тоа што тврдат дека изборите не беа регуларни.