Напад врз погребна поворка во Авганистан, 9 загинати

Во денешниот самоубиствен напад во авганистанската провинција Бурка биле убиени најмалку девет луѓе, додека дваесетина други биле ранети. Се прецизира дека самоубиецот го извршил нападот врз една погребна поворка и оти цел бил шефот на провинцијата Бурка Таџ Мухамад Тагва. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.