Средба на Ердоган и Путин во Анкара

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Најавено е дека во фокусот на нивните разговори ќе биде конфликтот во Сирија. Односите меѓу двете земји се добри и покрај извесни недоразбирања во врска со некои прашања. Русија останува клучен сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Ердоган инсистира на негово отстранување. Од друга страна Анкара се спротивстави на руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Двајцата претседатели се очекува да разговараат и за енергетската соработка.