Времето денеска: дождливо

Во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотрајни локализирани врнежи од дожд, кои во текот на попладнето ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 10 до 17 степени. Во Скопје слично време со температура до 14 степени.