Швајцарија против ограничувањето на бројот на имигрантите

Знамето на Швајцарија

Гласачите во Швајцарија се изјаснија против предлогот да се ограничи бројот на имигрантите во земјата, но и против иницијативата за елиминирање на специјалните даночни олеснувања за богатите странци . Со предлогот за кој се одлучуваше на денешниот референдум, требаше да се воведе ограничување на имиграцијата на околу 17 илјади луѓе годишно или 25 отсто од досегашниот број, поради заштита на животната средина. Околу 78 проценти од гласачите го одбија предлогот, а 60 отсто гласаа против иницијативата за отстранување на специјалните даночни олеснувања за богатите странци. Околу 25 проценти од работната сила во Швајцарија се странци, а земјата по втор пат оваа година гласаше за прашање за имиграцијата.