Загина Албанец на боиштата во Сирија

Илустрација

Косовецот Бурим Демоли од Коловица кај Приштина, кој бил припадник на џихадистите на Исламската држава, е уште еден Албанец од Балканот кој е убиен на боиштата во Сирија, јавува МИА. Веста за косовските медиуми ја потврдил негов братучед, кој додал дека по веста за неговото загинување почнале да примаат луѓе за сочувство. Демоли во Сирија заминал со сопругата и четирите деца, за чија судбина, како што изјваил неговиот братучед, не знаат ништо. Но, вели, се надеваат дека се добро и оти набрзо ќе ги пуштат да си дојдат дома.

Претходна последна потврдена вест за загинување на Албанец од Балканот беше за 39 годишниот Шкелзен Думани во средината на овој месец. Неофицијално досега во Сирија и Ирак се убиени околу 60 Албанци од Балканот, најмногу од Косово а потоа од Албанија и Македонија, од каде загинале 15 односно 11 државјани.