ВМРО - ДПМНЕ ги повика СДСМ да ја објават „бомбата“

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ денес го повика раководството на СДСМ доколку ги има, да ги објави во јавноста наводните докази кои според опозицијата ќе предизвикаат „политички земјотрес“. Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека трет пат во последните две недели превентивно го повикуваат раководството на СДСМ, доколку воопшто нешто има слободно да го објави, наместо „верглања во место како што практикуваат“, соопшти ВРМО – ДПМНЕ.

СДСМ веќе подолго време најавува дека поседува „бомба“, односно докази и исклучително чувствителни информации кои ќе предизвикаат „политички земјотрес“ и дека по објавувањето на доказите премиерот Никола Груевски за три дена сам ќе замине од власт.