САД и сојузниците извршија воздушни напади против џихадистите во Сирија

Илустрација

Мониторинг групата соопшти дека коалицијата предводена од САД против силите на Исламската држава, во текот на ноќта извршиле најмалку 30 воздушни напади врз бази во североисточана Сирија. Британското седиште за опсерваторија на човековите права во Сирија, објави дека воздушните напади се извршени главно врз бази на Исламската држава во регионот Форозија во северната периферија на провинцијата Рака.

Шефот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, соопшти дека нападите предизвикале жртви меѓу џихадистите. Активистите во Рака не биле достапни за коментар. Борците на Исламската држава минатата година ја презедоа контролата врз Рака, прогласувајќи ја за нивни главен град. Минатата недела најмалку 95 луѓе загинаа и многумина беа повредени кога сириските воени авиони ја погодија Рака со неколку воздушни напади. Соопштено беше дека многу од загинатите биле цивили.