Талибанците извршија нов вооружен напад во Кабул

Илустрација

Авганистанската полиција соопшти дека вооружено лице нападнало пансион во близина на парламентот во западниот дел на Кабул. Талибанците веднаш ја презедоа одговорноста за нападот на пансионот и според нив таму прстојувале европски државјани кои работеле за владата на Авганистан. Портпаролот на полицијата во Кабул, Хашмат Станекзаи, изјави дека напаѓачот разменувал оган со безбедносните сили. Нападот се случи во време на серијата смртоносни напади во Кабул кои таргетираат странци во услови на повлекување на повеќето војници на НАТО до крајот на оваа година.