Застрелан партиски лидер во јужен Пакистан

Илустрација

Полицијата соопшти дека истакнат сунитски муслимански лидер од верска политичка партија е застрелан во провинцијата Синд, во јужниот дел на Пакистан. Калид Мехмуд Сумро, регионален лидер и поранешен пратеник од партијата Јамијат Улема и Ислам Фази (ЈУИ – Ф), ги обавувал своите утрински молитви кога неидентификуван вооружен човек влегол во џамијата и го застрелал, изјавуваат од полицијата и партиските функционери. Од партијата велат дека Сумро добивал смртни закани и дека досега бил напаѓан шест пати.

Убиството предизвикало затворање на продавници и бизниси во некои делови на јужен Синд, а мали групи на членови од партијата излегле на улиците на Пакистан во знак на протест. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а партијата (ЈУИ – Ф) и претходно била цел на пакистанските Талибанци, иако лидерите на партијата неколку пати имаа улога на преговарачи меѓу милитантите и владата во Исламабад.