Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Илустрација.

Една од руските подморници од новата генерација тестираше испукување на интерконтинентална балистичка ракета. Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека подморницата „Александар Невски“ испукала ракета Булава од подводна позиција во Баренцовото Море кај северозападниот брег на Русија. Се соопштува дека тестирањето било успешно и оти ракетата ја погодила целта на полуостровот Камчатка на Тихиот Океан. Ова е второ тестирање на ракета Булава во изминативе два месеци. Овие ракети имаа низа проблеми на тестирањата во изминативе години, но оваа година двете тестирања поминаа без проблеми.