Папата Франциско во посета на Турција

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско денеска ја почнува тридневната посета на Турција. Притоа тој ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и со Мехмед Гормез, врховен муслимански верски лидер во Турција која, според Уставот, е секуларна земја. Се очекува притоа да се разговара за верската толеранција и за борбата против тероризмот. До посетата на Папата доаѓа во момент кога милитантите на Исламската држава и натаму држат под нивна контрола големи делови од Сирија и Ирак и тоа во близина на границата со Турција. Папата Франциско деновиве изјави дека и покрај тоа што е невозможно да се разговара со милитантите на Исламската држава, сепак вратата не би требало да биде затворена.