Во Доњецк убиени двајца цивили

Во источна Украина продолжуваат насилствата и покрај примирјето постигнато меѓу владините сили и проруските сепаратисти. Едно 12 годишно дете и 55 годишна жена биле убиени во Доњецк, град гој главно е под контрола на бунтовниците. Градските власти кои се блиски со Киев, соопштија дека детето било убиено на улица, а жената во нејзиниот дом откако една граната паднала во нивна близина. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на примирјето на 5 септември досега скоро секојдневно во источна Украина гинат по 13 луѓе. Скоро милион луѓе го напуштиле регионот.