Времето денеска: претежно облачно

Во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на магла. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од седум до 12 степени. Во Скопје претежно облачно со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до девет степени. Од недела се очекуваат нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни на почетокот на наредната седмица.