Забрана проруска партија да учествува на изборите во Молдавија

Ренато Усатии.

Апелациониот суд во Кишињев ја потврди забраната за проруската партија Патриа(Татковина) да учествува на изборите во Молдавија на 30 ноември. Државната изборна комисија вчера одлучи да ѝ забрани на партијата да учествува на изборите, поради тоа што добила пари од странство. Партијата сега има право да се жали пред Врховниот суд. На чело на партијата Патриа стои 36-годишниот руски бизнисмен со молдавско потекло Ренато Усатии. Според него, ваквата одлука е „циркус“. Партијата беше регистрирана во септември и анкетите покажуваат дека ќе освоеше доволно гласови за влез во парламентот. Обвинителството оваа недела соопшти дека спречиле еден обид за дестабилизација на Молдавија поддржан од Русија. Односите меѓу Кишињев и Москва се затегнати откако молдавската влада одлучи да го потпише договорот за асоцијација со ЕУ во јуни годинава.