Авганистан одобри останување странски војници во земјата

Илустрација.

Горниот дом на aвганистанскиот парламентот денеска со големо мнозинство ги одобри билатералните договори за безбедноста со САД и посебно со НАТО, што им овозможи на 12.500 меѓународни војници да останат во земјата по декември 2014 година. Само осум пратеници од вкупно 120 гласале против. Долниот дом на парламентот го одобри законот на 23-ти ноември. Поранешниот претседател Хамид Карзаи одби да ги потпише договорите додека беше на власт. Одобрувањето на договорите доаѓа во време кога талибанците и другите бунтовници ги интензивираа нападите и врз домашни и врз странски цели. Најмалку петмина Авганистанци и еден Британец загинаа, а повеќе од 30 лица се повредени во најновиот самоубиствен напад врз возило на британската амбасада во Кабул на 27 ноември.