ЕК: Нема одлука за Бугарија и Романија во Шенген зоната

Советот на ЕУ сè уште не може да донесе одлука за приклучувањето на Бугарија и Романија кон Шенген просторот, но Европската комисија дава целосна поддршка за вклучувањето на двете држави во зоната без гранични проверки, се посочува во последниот извештај на ЕК за состојбата на Шенген зоната, што денеска беше претставен. Во документот е запишано дека од мај до октомври годинава миграцискиот притисок врз бугарските граници останал стабилен.