Телефонски разговор Путин-Порошенко

Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, синоќа телефонски разговарале за „билатералните односи и ситуацијата на југоистокот на Украина“, соопшти денеска Кремљ. Во кусото соопштение се наведува дека разговорот бил на барање на Украина, но не се соопштуваат детали. Борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти на истокот на Украина продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот од септември. Киев и западните земји ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците со луѓе и со опрема, но Москва негира.