Сестрата на Ким Џонг-ун - висок функционер во Северна Кореја

Севернокорејските медиуми за прв пат пишуваат за помладата сестра на лидерот Ким Јонг-ун како за висок функционер во владејачката Работничка партија. Ким Јо-јонг, која има меѓу 25 и 30 години, првпат во јавноста се појави на погребот на нејзиниот татко Ким Џонг-ил во 2011 година. Оттогаш повремено се појавува во придружба на нејзиниот брат на политички настани. Според аналитичарите, тоа може да е знак во зголемување на нејзината улога во реимот во земјата. Се верува дека севернокорејскиот лидер и неговата сестра учеле во исто училиште во Швајцарија, како и нивниот постар брат Ким Џонг-чол, за кого нема информации дека има некаква улога во власта.