Патници туркале авион во Сибир

Десетина патници во сибирскиот град Игарка морале да излезат за да турнат еден руски авион кој бил заглавен на пистата на температура под 50 Целзиусови степени. Едното тркало на авионот Туполев ТУ 134 било заглавено, по што, како што е соопштено, патниците помогнале да го придвижат леталото. Авионот во кој имало 74 патници и седум членови на екипажот потоа безбедно слетал на аеродромот во Краснојарск.