САД го поддржуваат суверенитетот на Украина

Командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека голем број Руси ги овозможуваат „клучните совети и обука“ за проруските сепаратисти во источна Украина и вети дека САД ќе ја поддржат Украина која се соочува со „итна закана“ за нејзиниот суверенитет од Русија. Зборувајќи при неговата денешна посета на Киев, Бридлав рече дека САД ќе ѝ помогнат на Украина да најде дипломатско решение на конфликтот со проруските сепаратисти кое ќе го почитува суверенитетот територијалниот интегритет на Украина. Бридлав изрази длабока загриженост поради „милитаризацијата на Крим“, полуостровот во Црното Море што Русија го анектираше од Украина во март годинава.

„Загрижени сме за капацитетите што се инсталираат во Крим“, рече Бридлав на прес-конференцијата и додаде дека тоа ќе ѝ овозможи на Русија да „го промени военото влијание во Црното Море“.